Кралот Чарлс откри какви нуспојави имал по хемотерапијата

 

Кралот Чарлс Трети откри некои детали за неговото лекување и непријатните несакани ефекти од хемотерапијата.

На церемонијата, кралот Чарлс Трети се сретна со поранешниот војник Арон Мепплбек, кој исто така се бори со ракот. Во разговор со кралот, поранешниот војник споменал дека минатата година додека примал хемотерапија го изгубил чувството за вкус, на што Чарлс одговорил дека истото му се случило и нему.

Оваа непријатна нуспојава се појавува кај некои пациенти кои примаат хемотерапија, а кај кралот Чарлс Трети е видливо и губење на тежината, што не може да го сокрие.

Точната дијагноза сè уште не е позната во јавноста, а веројатно и никогаш нема да се дознае, исто како што е случајот со неговата снаа Кејт Мидлтон, на која исто така и беше дијагностициран карцином и беше на превентивна хемотерапија.

И додека кралот Чарлс Трети полека се враќа на своите должности и повторно се појавува на важни настани, Кејт Мидлтон сè уште се опоравува далеку од очите на јавноста.

19.05.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега