Митко Лиговски: Патот до одговорно рударство и одржливост на проектот „Иловица-Штука“

 

Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа.Со својата истражувачка активностна Проектот „Иловица-Штука”, се стремевме кон разбирање на границите и карактеристиките на ова наоѓалиште. Секое каменче, претставуваше разговор со природата која ни раскажуваше посебна приказна за земјата, нејзиниот развој и потенцијалот за одржливост.

Долгогодишната работа, почнуваќи од 2004 годинана развојот на Проектот „Иловица-Штука емотивно нè поврза и допринесе за мотивираност и посветеност во областа. Во Проектот е вложено многу труд, почнувајќи од анализа на примероци на површина, се до големиот број на детални длабински истражувања спроведени со цел да се докаже важноста и оправданоста на идниот рудник.

Во рударството и минералната индустрија, има комплексна интеракција меѓу економските, социјалните и еколошките аспекти. Тие три димензии на одржливоста мораат да бидат во согласност со изградбата на модерно и одржливо општество, а истовремено имплементација на принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој(The UN Agenda 2030 for Sustainable Development). Агендата е возвишен идеал за да се искорени сиромаштијата и гладот, да се почитуваат човековите права, да се постигне вистинска еднаквост, и што е најважно, да се заштити нашата планета и нејзините непроценливи природни ресурси. Целите за одржлив развој ги балансираат трите суштински димензии: економската, социјалната и еколошката.

Изградбата и развојот на едно модерно и одржливо општество ќе има зголемена потреба од метали и минерали, кои го претставувааткрвотокот на инфраструктурата, блокови од кои се изградени комуникациски системи и самото срце на одржливи енергетски решенија, како што се соларни ќелии, турбини на ветер и батерии. Меѓутоа, во нашата потрага по овие непроценливи ресурси, ние мора да чекориме одговорно. Екстракцијата на метали и ископувањето на индустриски минерали мора да се прави со најголема грижа за луѓето, животната средина и економијата. За луѓето, ова подразбира заштита на здравјето, зачувување на социјалното и културното наследство и обезбедување на благосостојбата на заедниците. Еколошките размислувања бараат ригорозна контрола на емисиите, ефективно управување со отпадот, соодветна санација на просторот по екстракцијата, непоколеблива посветеност на зачувување на природата, одговорната употреба на енергија и свест за климатските промени. А на економски план, мораме да го негуваме социјалниот развој, да промовираме просперитет, да ја поттикнуваме конкурентноста, одржливо да управуваме со ресурсите и да ги браниме идеалите на кружната економија.

Како одговор на овие предизвици, рударскиот комплекс „Иловица-Штука”е дизајниран како модерен рудник којги имплементирапринципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој”. Исто така, инплементирани се највисоките стандарди на„ESG” (Environmental, Social, and Governance) принципите, поддржани од организациите како „IRMA” (The Initiative for Responsible Mining Assurance) и „ICMM” (International Council on Mining and Metals).  „EBRD” (European Bank for Reconstruction and Development) е вклучена во проектот, што значи дека се вклучени нејзините строги критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни.Со тоа, проектот нема да биде само извор на корисни минерални суровини, туку и доказ дека со посветеноста на индустријата може да се постигне одржлив и хармоничен соживот со општеството и животната средина. Потенцијалот на рударскиот комплекс „Иловица-Штука”е огромен.Преку неговата реализација ќе се придонесе до подобрување на квалитетот на животот на локалните жители и заедници, стимулирање на регионален и национален економски раст и поттикнување на еколошка одржливост. Со реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе се спречи негативниот тренд на миграција, ќе се обезбеди чиста вода за пиење на локалните жители, ќе се подобри локалната инфраструктура, со еден збор значајно ќе се подобри квалитетот на живот во целиот регион.

Преку соодветната реализација на Проектот „Иловица-Штука, со изградба на модерен и современ рудник во склад со сите строги стандарди за заштита на животната средина и со активно промовирање на принципот на одговорно рударство, нашиот успех во претворувањето на наоѓалиштето во иден рудник ќе биде уште поголем. Така мотивирани и горди на нашиот успех, дека сме дел од една успешна приказна, од која сите засегнати страни ќе имаат значајни придобивки, ќе продолжиме мотивирани со нашата научна геолошка работа се во насока да оставиме значен белег и продобивки во поставената „Агендата 2030 на ОНза Одржлив Развој.

М-р Митко Лиговски дпл. инг. геолог

Главен геолог во Еуромакс Ресоурцес ДОО

24.10.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега