Кралот Чарлс закрепнува добро по операцијата

Британскиот крал Чарлс е „добро“ откако беше опериран поради зголемена простата.

Чарлс бил виден како влегува во лондонска клиника со кралицата Камила во петокот наутро – истата болница која се грижи за принцезата од Велс по абдоминална операција.

Камила ја напушти приватната болница попладнето истиот ден и изгледаше расположено додека им се насмевна на новинарите пред да влезе во нејзиниот автомобил, пренесува Гардијан.

Се смета дека е спроведена планираната постапка и дека е добро.

Претходно во петокот, Чарлс одвои време за да ја посети Кејт Мидлтон, која е веќе 11 дена во болница по успешната тешка операција минатата недела.

Не е познато колку време Чарлс ќе помине во болница.

26.01.2024 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега