Кран падна во Рим, делови на Џенова се под вода: Колапс во Италија по големото невреме (ВИДЕО)

 

Невремето кое зафати делови од Италија предизвика две несреќи, а според информациите кои ги пренесоа италијанските медиуми засега нема повредени.

Во Рим се урна кран на градилиште, но нема повредени.

Дел од кранот паднал на балконот на петтиот кат од шесткатницата, поради што три семејства биле евакуирани од зградата.

Во Џенова поради обилни дождови и свлечиште се урнал потпорен ѕид кој бил до дворот на приватна куќа. 

Овој инцидент предизвикал оштетување на цевката за гас, а итната помош веднаш интервенирала.

28.01.2025 - 18:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега