Ал Шара и официјално назначен за преоден претседател на Сирија

 

Де факто лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара денеска официјално беше назначен за преоден претседател на Сирија, јади ДПА.

Портпаролот на Одделот за воени операции, полковник Хасан Абдул Гани соопшти дека Ал Шара ќе биде претседател на земјата во преодната фаза.

– Го објавуваме назначувањето на лидерот Ахмед Ал Шара за претседател на земјата во преодната фаза, и тој ќе ги извршува должностите на претседателот на Сириската Арапска Република и ќе ја претставува на меѓународни форуми, рече Абдул Гани, за време на она што властите го нарекоа „конференција за победа“.

29.01.2025 - 23:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега