Криси Тајген објасни зошто објавила фотографии на кои го држи мртвородениот син
Манекенката Криси Тајген се огласи на социјалните мрежи откако го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста, на почетокот на октомври. Тајген беше мета на многу критики бидејќи на својот Инстаграм објави фотографии на кои плаче во болницата и го држи својот мртвороден син, а сега реши да каже зошто ги објавила тие фотографии.
„Инсистирав Џон и мајка ми да фотографираат сè, колку и да е непријатно тоа“, рекла Криси, додавајќи дека нејзиниот сопруг мразел што морал да ја фотографира во најлошиот момент во животот.
„Знаев дека морам да го запомнам овој момент, како и најубавите моменти во нашиот брак, оние кога се венчавме и кога се родија првите две деца. Морав да ја споделам својата приказна“, рекла манекенката.
„Не можам да ви кажам колку не ме интересира што не ви се допаѓаат фотографиите. Не ме интересира што вие тоа не би го направиле. Јас преживеав, решив да го сторам тоа и овие фотографии не се за никого, туку за луѓето кои го проживеале ова или се доволно љубопитни. Овие фотографии се наменети само за луѓе на кои им се потребни. Она што другите го мислат, не е важно“, напиша таа.
Криси вели дека никогаш нема да може да го заборави ова искуство. Таа, нејзината мајка и сопругот го држеа мртвороденчето и се фотографираа со него.
„Ги замолив медицинските сестри да ми ги покажат неговите раце и нозе, ги бакнував нон-стоп“, напишала Криси Тајген, пишува „Индекс.хр“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа