Кристијано Роналдо во карантин: Се расоблече покрај базен па испрати силна порака (фото)
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, го користи времето во карантин за целосно закрепнување од коронавирусот.
И додека светот бруи за тоадека се води истрага против славниот Португалец за кршење на мерките, тој покажува дека не се грижи премногу за тоа.
Откако беше објавено дека славниот напаѓач е заразен со коронавирус, што го потврди и Фудбалскиот сојуз на Португалија, тој ги контактираше своите следбеници на Инстаграм и Твитер со цитат:
„Не дозволувајте она што не можете да го запрете да стои на патот на она што можете“, беше јасен Роналдо и сподели слика на која се гледа како ужива покрај базенот.
Се разбира, тој го користи времето во карантин за да тренира, без кое неговиот ден не може да се замисли.
Роналдо и уште неколку соиграчи го напуштија карантинот во хотелот за да играат за националниот тим. Поднесено е обвинение поради таа постапка, но сè уште не е утврдено дали има елемент на кривично дело во целата приказна.
“Não deixes aquilo que não podes fazer atrapalhar o que podes fazer” pic.twitter.com/yN9rQhmEgE
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 16, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа