Кривична пријава и дисциплинска одговорност за полициски службеник кој работел како обезбедување на домот на поранешниот премиер Заев

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, изготви предлог за утврдување дисциплинска одговорност, истовремено до ОЈО ГОК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Т.А. – помлад полицаец во ПС за БПС Струмица за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Притоа за него ќе биде изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка.

Имено, пријавениот на 29.06.2024 година околу 6,20 часот, во својство полициски службеник, напуштајќи го работното место каде извршувал задачи по наредба за вршење на служба, како посебно обезбедување во домот на поранешен премиер, заминал на улица „Бетовенова“, каде се сретнал со лицето А.Е., брат на Е.Е. со кои претходно биле договорени да остварат средба и додека разговарале пријавениот Т.А. во еден момент со службен пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Притоа, тој не го пријавил настанот, повторно се вратил на работното место и по завршувањето на смената, се раздолжил со опремата и си заминал.

Воедно, тој се обидел да делува за прикривање на настанот преку неговите колеги – полициски службеник П.П. и С.Д. кои по поднесена пријава од страна на граѓани биле испратени од страна на СВР Струмица на местото на настанот. Прикривањето на било пријавено од нивна страна. За споменатите полициски службеници, доставен е предлог за утврдување дисциплинска одговорност.

02.07.2024 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега