Кривопаланчанка нападнала негувателка, а потоа запалила оган во соба и починала

Вчера во 11.30 часот во ОВР Крива Паланка, В.Н.(47) од Крива Паланка пријавила дека била нападната од Ј.Н.(42), лице со здравствени проблеми, додека била во домашна посета во нејзиниот дом како негувателка, при што се здобила со повреди.

Според пријавеното, откако В.Н. била преземена од Итната медицинска помош, Ј.Н. запалила оган во една од собите и како последица од задушување од настанатиот пожар починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.

13.04.2024 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега