Куќата на Бен Афлек се продава за неверојатни 30 милиони долари

 

Актерот, кој штотуку се ожени со Џенифер Лопез, ја огласи за продажба својата куќа во калифорниската населба Пацифички палисади по цена од 30 милиони долари.

Имотот од 13.500 квадратни метри се наоѓа во близина на луксузниот кантри клуб „Ривиера“ со поглед на околните планини.

Се шпекулира дека Афлек неодамна купил импресивна хациенда во Беверли Хилс со новата сопруга Џенифер Лопез, па веројатно нема да ги изненади фановите кога ќе дознаат дека го ставил на пазарот своето живеалиште.

Афлек (49) го купил тогаш новоизградениот затворен имот во 2018 година за 19 милиони долари по неговиот развод од Џенифер Гарнер, според „Волстрит журнал“.

Куќата има седум спални соби, девет бањи, вежбалница, киносала, спа центар, пространа дневна соба со камин, свечена трпезарија, а има и винарска визба.

11.08.2022 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега