Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат


Кумановец со мобилен телефон сликал додека се потпишувал за претседателски кандидат.

Вчера во 20:50 часот во СВР Куманово, двајца вработени во Државната изборна комисија пријавиле дека околу 13:00 часот во просториите на подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало, соопшти полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

04.03.2024 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега