Купете евтина перика и добар градник, им порача Доли Партон на своите двојнички

 

 

Доли Партон изјави дека е една од пејачките што најлесно може да ја имитирате поради бујната коса и големите гради.

77-годишната икона на кантри-музиката им кажа на двојничките дека сè што треба да направат ако сакаат да го копираат нејзиниот стил, односно нејзиниот заштитен знак, е да купат евтина перика и да стават пушап-градник за подигнување на градите.

Таа ја даде оваа изјава додека Гинисовата книга на рекордите одлучува дали собирот од 1.137 Доли во Ирска може да се квалификува како најголем собир на нејзини двојници во историјата.

„Дејли мејл“ ја цитира Доли во врска со обидот за постигнување рекорд: „Ви благодарам што толку многу ме сакате. Многу лесно може да изгледате како мене“.

„Можете да купите евтина перика каде било, можете да ги подигнете градите со подметнувач ако немате таков градник“.

Кантри-ѕвездата неодамна во интервју за магазинот ОК! ја откри тајната на својот младешки изглед: добри лекари, добра шминка и добро осветление.

„Се трудам да останам млада во духот и мислам дека понекогаш тоа малку се прелева. Никогаш нема да бидам толку стара кoлку што всушност сум“, додаде таа.

Гинисовата книга на рекордите треба да донесе одлука дали 1.137-те двојнички на Доли Партон, кои се собраа во Листовел, Ирска, ќе го соборат претходниот рекорд од 250 Доли на едно место.

27.07.2023 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега