Курти: Секој месец треба во Брисел да се одржуваат средби со Вучиќ
Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека средбите во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, треба да се одржуваат секој месец.
Тој во интервју за РТК вели дека верува оти мора да имаат почести средби бидејќи имало многу несогласувања и мала доверба и дека не знае точно зошто се случило тоа.
„Сепак, се надевам дека оваа година ќе има поголема посветеност од меѓународната заедница, особено од Европската Унија и Соединетите Американски Држави, за да се изврши поголем притисок врз Белград“, рече Курти.
13.01.2023 - 23:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа