Квалификациите за Светско првенство ќе се играат без гостински навивачи
Присуството на гостинските навивачи на натпреварите од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Катар нема да биде дозволено, одлучи ФИФА.
Одлуката е донесена поради загрижувачкото зголемување на бројот на заразени од коронавирусот.
-ФИФА и УЕФА внимателно го разгледуваа текот на пандемијата во Европа пред квалификациските натпревари во септември. Поради големиот број на случаи и поради големиот број натпревари во септември нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи на мечевите. Безбедноста е наш најголем приоритет и оие несигурни времиња, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа