Лашкоска: СДСМ – ДУИ не е коалиција за напредок на Македонија, туку коалиција за поддршка на криминалот

Ане Лашкоска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ се обрати на собраниската седница. Лашкоска истакна дека за нејзе лично предлогот за претседател на Собрание на Република Македонија не е никакво изненадување или воопшто не е изненадување. 

„Затоа што сметам дека калкулациите кои што Талат Џафери ги правеше во изминатиов период со продолжување на конститутивната седница беше токму да дојде како предлог денес на дневен ред. Меѓутоа сето тоа што се случуваше и за време на кампањата и во деновите после изборите е само потврда дека во наредниот период ќе продолжи уништувањето на Република Македонија. Затоа што во претходните три години видовме дека коалицијата на СДСМ – ДУИ не е коалиција за напредок на Македонија, туку е коалиција за поддршка на криминалот, коалиција за поддршка на корупцијата, коалиција која и во минатиот состав се темелеше на лаги и на надитрувања, за што сите колеги од претходниот состав бевме сведоци“, нагласи Лашкоска.

Лашкоска додаде дека едно е сигурно, гледајќи дека истите тие направија коалиција, налажувањата и надитрувањата продолжуваат од денес па натаму. Јасно е дека оваа коалиција е формирана само за да продолжат матните тендери, за да продолжи богатењето на фамилијата и за жал да продолжи распродажбата на државните и националните интереси. 

„Денес е јасно дека следува продлабочување на поделбите во Македонија. Денес е јасно дека продолжуваат зголемувањето на проблемите во Република Македонија. Продолжува зголемување на сиромаштијата“, рече Лашкоска.

 

Лашкоска посочи дека со оваа коалиција само продолжува стагнацијата на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега