Лазаров за победата на фудбалерите: Во професионалниот спорт нема случајности, ви честитам од срце

Селекторот на нашата ракометна репрезентација и наша најголема спортска легенда, Кире Лазаров не ги заборави фудбалерите и искрено им ја честиташе победата над Германија.

„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај...

Македонскиот спорт станува наш најголем амбасадор во светот, спортистите најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажете дека имате ментална сила, карактер, македонски стил, интелигенција ...

Ви посакувам многу среќа на Европскиот шампионат. Ајде да одиме заедно за нови победи на Македонија“, напиша на социјалните мрежи Лазаров. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа