Лебедово езеро на минус 15: Балерина танцува на мраз за вистинските лебеди (ФОТО)

 

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“, облечена во целосен костим како за настап, изведува сцени од „Лебедово eзеро“ на Чајковски, но, не на сцена, туку на замрзнатиот Фински Залив.

Ова е начин Илмира Баграутинова да се спротивстави на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.

Баграутинова танцуваше на -15С и ги објави своите видеа на Интернет. Како што објасни за новинарката Екатерина Венедиктова од „Би-би-си рашн“, балерината се надева дека нејзиниот настап ќе спаси вистински лебеди кои се гнездат во заливот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега