Леброн Џејмс го престигна Коби Брајант и се искачи на врвот по поени во историјата на НБА
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на врвот на листата по поени во историјата на НБА-натпреварите играни на Божиќ.
Во натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Бруклин (115:122) одигран ноќеска, Леброн постигна 39 поени и стигна до 422 со што го надмина поранешниот член на Лејкерс, Коби Брајант, кој кариерата ја заврши со 395 поени на неговите натпревари за Божик.
Натпреварот против Бруклин за Џејмс беше 16-ти во кариерата на католичкиот празник.
По Џејмс и Брајант на вечната листа следуваат Оскар Робертсон со 377, Двејн Вејд со 314, Кевин Дурант со 299, Шекил Онил со 272 поена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа