Левица со критика: За работниците 0 денари, за пратениците 100.000 евра за патни трошоци

 

Обичните работници не наплаќаат патни трошоци, додека функционери земале и по 100.000 евра годишно. Поради тоа, Левица предлага Закон за ограничување на патните трошоци на пратениците. Ова денеска го истакна пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил.

 - На дневен ред на седницата е токму нашиот Предлог - закон за ограничување на патните трошоци на пратениците. Тоа, практично, е дел од нашата платформа за намалување на привилегиите на функционерите и овој предлог - закон е на дневен ред со цел да се ограничи пратениците да земаат средства за патни трошоци кои се неосновани. Може да видите дека во изминатите години, а и оваа 2024 година, се земале патни трошоци на годишно ниво од пратеници од 30.000 до 100.000 евра и повеќе. Затоа, ние мора да ставиме ред во оваа проблематика. Нашиот предлог е сосема прифатлив и предлага ограничување на патните трошкови според пазарната цена на горивото, на пример, 65, 6,5 литри на 100 км, што е многу поприфатливо во споредба со досегашните енормни суми, вели тој.

Претходно на Фејсбук се огласи и Апасиев. - Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име "ПАТНИ ТРОШОЦИ" + патарини. Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари), напиша Апасиев.

Додава дека денес е денот Д.
- Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот..., напиша тој.

 

12.02.2025 - 09:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега