Лице од Тетово останало без социјална помош поради злоупотреба на негова лична карта

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(22) од Тетово и К.К.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.

На 15.03.2024, првопријавениот Д.И. - вработен во правен субјект од Скопје и второпријавениот К.К. - управител на правниот субјект, злоупотребувајќи ги личните податоци на лице од Тетово, кој ја изгубил личната карта, извршиле исплата на остварена добивка од 4.800 денари во правното лице, по што во август лицето примило решение од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово за престанок на правото на социјалната сигурност за стари лица.   

24.04.2025 - 13:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега