Љубовницата на Путин и нејзиниот скап имот на документи во „Пандора документи“
Десетици сегашни и поранешни државници и моќни милијардери се поврзани со компании кои користат даночен рај, откри новинарското истражување наречено „Пандора документи“.
Иако на долгата листа на имиња не се споменува рускиот претседател Владимир Путин, сепак, се споменуваат неговите многубројни блиски соработници, меѓу кои и жената со која рускиот лидер наводно бил во романтична врска.
Името на наводната љубовница на Путин, Светлана Кривоногих, се појавило во „Пандорините документи“, а руските медиуми пишувале дека имала дете со него.
Пандорините документи откриле дека Светлана поседува имот вреден дури 100 милиони долари, вклучувајќи луксузен имот во Монако вреден 4 милиони долари. Апартманот што го купила Кривоногих се наоѓа во луксузниот комплекс Монте Карло Стар и гледа на Средоземното Море, веднаш под познатото казино Монте Карло, познато од филмовите за Џејмс Бонд.
Светлана не е единствената жена која со години се поврзува со Путин. Истото се шпекулира и за поранешната руска гимнастичарка Алина Кабаева. Алина неодамна родила близнаци за кои многумина тврдат дека Путин им е татко.
Во мај 2019 година било објавено дека целиот кат на гинеколошката болница е испразнет со цел тајно да се породи убава гимнастичарка. „Разузнавачките служби го проверуваа секој агол од болницата пред нејзиното пристигнување, а половина од медицинскиот тим беше протеран. Раѓањето го изврши познат лекар од Италија, и тој мораше да направи царски рез”, изјавил рускиот новинар Сергеј Канев, близок до руските разузнавачки служби.
Путин и неговата сопруга Људмила, со која има две ќерки, се разведоа во 2013 година.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа