Лоша е здравствената состојба на Бора Чорба, поставен е на респиратор за дишење

Здравствената состојба на српскиот музичар Борислав Ѓоргевиќ – Бора, познат и како Бора Чорба, се влоши во последните неколку дена, а неговиот менаџмент објави дека е хоспитализиран во Словенија.

Како што досега е соопштено, Бора Чорба има тешка пневмонија, а од вчера е поставен и на респоратор.

Тој беше хоспитализиран во болница во Љубљана пред три дена поради проблеми со белите дробови.

 
24.08.2024 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега