Лозановска: Над 180.000 гласови разлика во првиот круг покажува дека СДС и ДУИ треба да одат во опозиција

Првиот круг на претседателските избори заврши со над 180 илјади гласови разлика помеѓу Силјановска Давкова и Пендаровски. Разликата е поголема од бројот на гласови кои ги освои Стево Пендаровски. Работата сеуште не е завршена, потребно е на 8-ми мај граѓаните да го кажат последниот збор. Јас се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, затоа што Република Македонија се наоѓа на еден крстопат, од едната страна е изборот „како до сега“ кога граѓаните се осиромашуваат, понижени и потценети и другата алтернатива е да се даде лидерство на луѓе компетентни со свој став што ќе знаат како да ја позиционираат Република Македонија, кои нудат можност да изградиме современа држава која ќе се базира на етички и морални европски вредности, изјави Олга Лозановска, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а во изборната единица 5 во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Лозановска граѓаните во првиот круг јасно кажаа дека им е доста од криминалот, корупцијата и скандалите на оваа власт на ДУИ и СДС и дополни дека ВМРО-ДПМНЕ подаде рака кон сите оние кои ги делат нивните принципи и ја поддржуваат „Платформата 1198“ и на тој начин ДУИ и СДС да завршат во опозиција после сите штети што и ги направија на Македонија

29.04.2024 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега