Лукас Ернандес на 28.октомври оди зад решетки

Вториот најскап фудбалер во историјата на Баерн Минхен, Лукас Ернандез, до 28.октомври мора да се јави на отслужување на затворската казна. Лукас е осуден на една година бидејќи ја прекршил судската забрана.

Лукас имал жестока расправија со сопругата Амелија, во февруари 2017 година. Тогаш се уште беше играч на Атлетико Мадрид. Тогаш судот го осуди на 31 ден општествено корисна работа и да се се доближува до сопругата.

Меѓутоа Лукас и Амелија се венчале и заминале на одмор во Мајами.

По враќањето во Мадрид, Лукс Ернандез беше уапсен.

Шпанскиот суд пред десет дена донесе одлука дека Лукас ќе мора да оди зад решетки бидејќи ја прекршил условната казна.

Францускиот репрезентативец денес доброволно се појавил пред судот во Мадрид и покрај тоа што сослушувањето е закажано за утре. Лукас ја обжалил одлуката на судот и го одбрал затворот каде што ќе ја служи казната, во случај жалбата да му биде одбиена.

Судот објави дека тој најдоцна до 28.октомври мора да се јави на отслужување на казна.

18.10.2021 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега