Магичен напиток кој топи килограми
Мелената пиперка помага при варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите. Капсаицинот - состојка во пиперката, го стимулира нервниот систем да произведува топлина во организмот која поттикнува забрзана потрошувачка на калории. Лимонот содржи соединенија кои го забавуваат таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое потпомага при согорувањето на наталожените масти. Јаболковиот оцет, односно неговото редовно консумирање во умерени количини помага при растопувањето на мастите во организмот.
Потребни состојки:
- 1 лажица јаболков оцет
- прстофат лута, мелена пиперка
- сок и кора од еден лимон
Начин на приготвување: Изрендајте ја лимоновата кора и прелијте ја со 240 мл врела вода. По десет минути додадете ги и сокот од лимон, јаболковиот оцет и мелената пиперка. Промешајте пред секоја голтка и пијте го овој напиток пред секој оброк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа