Магла и влажни коловози - АМСМ со предупредување за возачите

 

Од Авто мото сојузот на Македонија утринава информираат дека намалена видливост до 50 метри поради магла има на патните правци во Тетово, Битола и Прилеп.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

28.01.2025 - 07:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега