Маја Оџаклиевска искрено: Со мојата мала пензија, немам пари ни за играчките на внукот

 

Таа се уште важи за голема пејачка ѕвезда на овие балкански простори која испеала многу хитови. Станува збор за пејачката Маја Оџаклиевска која е по потекло од Скопје, но своите пензионерски денови ги живее во Белград. Поточно кажано, преживува со пензија од 300 евра што е сосема недоволно за еден пристоен живот во српската метропола. Колку за јадење и сметките.

-Имам мала пензија, но и таа ми е доволна бидејќи не сакам да се понижувам на секој пеејќи му во скут или да сум качена на маса. Послатки ми се овие пари од тие за кои би заработила веројатно и преку две, три илјади евра. Доволни ми се моите пари да не бидам запустена, но мене сега во прв план ми е моето внуче Лука, мојата напатена душа кој 7 години се бори со аутизмот. Не можам многу да му пружам на внукот со оваа пензија, но тој е разумен - кажа Оџаклиевска за медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега