Мајката на Анџела скршена: Наместо да дуваш роденденски свеќи, ти носам цвеќе на гробот
Анџела Руман од Стара Пазова за жал беше една од жртвите кои настрадаа при падот на настрешницата во Нови Сад.
20-годишната девојка на 30. март требаше да прослави роденден, а наместо прослава, нејзиното семејство на овој ден се соочи со болка.
- Тој 30. март 2004, во раните утрински часови бев најсреќната мајка на светот. Ме погледнаа прекрасни очи и тој момент до ден денес го паметам. Добив не само ќерка, туку и најверна другарка. Многу поминавме јас и ти...ти секогаш беше моја ѕвезда водилка. Од моментот кога ја доби возачката, до јас и ти ќе одиме секаде....тој кобен 1 ноември 2024 ми зема се. Денеска наместо да дуваме свеќи мојата рака која се тресе ти пали свеќа на мермер и остава цвеќе на твојот гроб, напиша мајката на Анџела, Зорица, на Фејсбук.
За жал, младата девојка е една од 14-те жртви при падот на настреѓницата во Нови Сад. Таа загина заедно со своето момче, 21-годишниот Милош Милосавјевиќ.
По хоророт, по лекување, во болница починаа уште двајца од повредените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа