Мајката на Кика очајна: Ќе одам кај влашки гатач, починатата ќерка ќе ми ја каже вистината

Наташа Ѓукиќ, мајката на починатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ, планира да посети влашки гатач кој комуницира со мртвите за да може нејзината ќерка да ја каже вистината за нејзината смрт, бидејќи верува дека таа не се самоубила.

Наташа е сигурна дека Кика не си го одзела животот и дека нејзината ќерка не се дрогирала.

-Подготвена сум да одам во Неготин кај влашките гатачи, кои контактираат со мртвите, за ќерка ми да ми ја каже вистината! Се плашам од такво нешто, но принудена сум да одам. Нема да мирувам додека не го разрешам случајот. Не сум суеверна, но еден настан ме вознемири. Еден месец по смртта на Кика, три лица – едното од Лондон, другото од Австралија и третото од Стара Пазова – ми го кажаа истото за една недела. Сонувале дека Кика плаче и вели: „Не го сакав ова“. Никој не може да ме убеди дека тоа е случајност, рече Наташа.

Обдукцијата покажала дека Кика во моментот на смртта имала големо количество дрога во телото, а нејзината мајка смета дека тоа не го направила по своја волја.

-Кика не се самоуби, таа е убиена. Имала модринка под десното око бидејќи некој ја удрил и ја онесвестил. Потоа и го инјектирал смртоносниот коктел под пазувите или во стомакот за да не се гледа убодот. Доказ за тоа се резултатите од обдукцијата која покажала дека Кика во телото имала поголема количина на дрога. И моето дете не се дрогирало! Ќе знаев ако беше така. Понекогаш мешала мала количина канабис со тутун за да се опушти. Го знаев ова затоа што таа дојде кај мене за да и свиткам канабис за прв пат. Пиела и бромазепам бидејќи не можела да заспие, вели Наташа.

Мајката на Кика вели дека речиси една година не може да спие.

-Бидејќи Кика ја нема, не знам што значи да спиеш цела ноќ. Единаесет месеци палам светилка покрај која стои нејзината фотографија, која постојано ја гледам,  изјави Наташа Ѓукиќ.

22.11.2022 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега