Македонците најмногу пушат цигари: Почнуваат на само 13 години

 

Македонија е рекорд по бројот на пушачи на цигари, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Бројот на активни пушачи во земјава изнесува 45,4 отсто. Постојат мал процент на луѓе, пет проценти кои се обиделе и се откажале од пушењето во последните години.

Од Институтот велат дека само 43 лица се јавила во советувалиштата во 2023 година, и нема голема заинтересираност за откажување од пушењето.

Од Институтот нагласуваат дека ако еден од најголемите и најзастапени ризик-фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања можат да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

 

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4 отсто, а во светот 17 отсто од населението.

Просекот на возраста на која младите почнуваат со пушење изнесува 13,5 години.

28.10.2024 - 19:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега