Македонец убиен во Бугарија - тинејџер го избодел со колец
Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, пренесува „360 степени.мк“.
Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.
По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево.
Според полицијата, извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар а убиството е извршено со прободување со остар колец. Се истражуваат причините за убиството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа