Македoнија завиена во црно: По тешко боледување почина фудбалерот Ѓорѓе Џонов
Македонската фудбалска јавност денеска e запрепастена од информацијата за смртта на Ѓорѓе Џонов, поранешен фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и Кожуф.
По долга битка со ракот на белите дробови, 30-годишниот фудбалер замина засекогаш.
Голем број фудбалски работници, играчи и клубови апелираа за помош и собираа финансиски средства за операцијата. Но, денеска стигна трагичната вест која ја погоди целата македонска јавност.
Инаку, Џонов е роден во Пирава, долги години беше дел од македонскиот прволигашки фудбал, оставајќи силна трага зад себе во клубовите за кои настапуваше.
18.07.2022 - 18:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа