Македонската пејачка за Фросина: Невоспитан и скрати се зошто му простиле 80 кутии амфетамини

 

Македонската пејачка и водителка Бојана Скендеровска напиша потресен статус за смртта на младата Фросина Кулакова.

- Да имаш 22 години и да си млада, убава полна со планови, идеи и амбиции, прописно да си поминуваш на пешачки и да помине аздисан, распрден, невоспитан кој ќе ти скрати се затоа што некој му простил 80 кутии амфетамини е дното на се…

- Родителите кои го криеле и спасувале заедно со корозираниот систем што мислеа дека ќе стане од него во иднина, научник?!? Родител сум во ваквиве времиња, не правиме мангупи од децата ако им дозволуваме се и ги подржуваме во идиотски постапки, девијантно однесување кај тинејџер не е мангуплук, туку иден криминалец, убиец, силувач! Срам, беда, јад!, напиша таа.

Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.

 
 
04.02.2025 - 10:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега