Рокот за поставување таблички во боја на службените возила е до 15 септември
Владата апелира државните институции да го пријават бројот на службени возила во Регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), за да нема злоупотреби со нивно користење во тек на кампањата за претстојните локалните избори.
– Апелирам до сите институции да го поднесат бројот на службените возила – рече денеска портпаролката на Владата Марија Митева, во одговор на новинарско прашање по објавата од ДКСК дека во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал институциите пријавиле податоци за 1.916 возила.
Митева уверува дека ќе се испочитува рокот за означување со боја на регистарските таблички на службените возила.
– На седница на Владата веќе е донесена одлука дека рокот за поставување на регистерски таблички во боја е до 15 септември и тоа ќе го завршиме во насока да нема повеќе злоупотреби на службени возила за цели кои се надвор од службените – посочи портпаролката на Владата Митева.
Рокот за доставување податоци за бројот, марката на возилото, година на производство, регистарски број и возна состојба до ДКСК заврши на 18 август. Доколку правните лица не ги достават податоците за возилата со кои расолагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.
Според одлуката на Владата, до 15. следниот месец сите службени возила треба да добијат специјални таблички во црвена боја. Се предвидува да се воведе и специјален регистар на државните автомобили, којшто ќе овозможи прецизна евиденција за местоположбата и користењето на секое службено возило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа