Македонската спикерка стана баба по вторпат - името на внуката по денешниот православен празник (ФОТО)
Гордана Ѓорчева, спикер во МТВ, денес по втор пат стана баба.
Таа радосната вест ја сподели на својот Фејсбук профил и напиша:
-Вера се роди. Вања си доби сестричка. Мама Луци и тато Александар си имаат ќеркичка, напиша Гордана.
Гордана беше во брак со актерот Бранко Ѓорчев, со кој ја имаат ќерката Луција.
30.09.2022 - 10:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа