Македонското и косовското обвинителство ја унапредуваат соработката во борбата против организираниот криминал
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и јавната обвинителка во ОЈОГОКК Марија Ѓоргева денеска престојуваат во Приштина, Република Косово, каде остварија средба со Главниот државен обвинител Бесим Келменди и со специјалниот јавен обвинител Блерим Исуфај.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка меѓу македонското и косовското обвинителство во борбата против организираниот прекуграничен криминал, но и против останатите кривични дела. Јавните обвинители разговараа и за интензивирање на каналите за меѓународна соработка во кривичната материја меѓу двете земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа