Макрон: ЕУ може да умре

ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна во однос на САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу, а премалку инвестира“, рече Макрон.

Вашингтон и Пекинг веќе ја надминуваат ЕУ по економски резултати и инвестиции, рече Макрон.

„ЕУ може да умре, ние сме на работ на многу важен момент“, рече Макрон. „Нашиот стар модел е минато – ние регулираме премногу, а инвестираме премалку. Ако ја следиме нашата класична агенда во следните две до три години, ќе исчезнеме од пазарот.

 

Во април, Макрон повика на поголема интеграција на европската одбрана и предупреди дека блокот не може да стане вазал на САД кога станува збор за безбедносни и воени прашања

03.10.2024 - 21:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега