Малолетник прободен со нож во тетовско

Вчеравечер во 21.30 часот во с.Копачиндол, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.Ј.(19) од с.Копачиндол, постапувајќи по претходна пријава од К.Р.(39) од истото село дека по кратка расправија со остар предмет нанел убодна рана на неговиот малолетен син.

Остриот предмет бил пронајден и одземен, а С.Ј. бил задржан во полициска станица. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

23.09.2024 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега