Марија Шерифовиќ стана мајка
Марија Шерифовиќ стана мајка. Српската пејачка доби бебенце со помош на сурогат-мајка.
Во емотивна објава на Instagram, таа сподели дека има син кој го добил името Марио.
Заедно со фотографијата од бебенцето, таа порача:
„Љубовта пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда на мојот живот. Се роди Марио. Сине, нека те води животот по своите најубави патишта, а јас ќе те штитам со мојата љубов од тага и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека биде тивко и топло сè што доаѓа од вас до него. Ве сакам сите! Со лубов, М&М.“
Откако се распространи убавата вест, 39-годишната музичка ѕвезда за српски „Блиц“ изјави:
„Долго се подготвував за тој момент, безброј пати си замислував во главата како ќе изгледа… И мајка ми и блиските пријатели ми кажуваа, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно… Ми се чини дека тие неколку минути на првиот допир траеја прекратко или предолго… Едноставно толку многу емоции од кои запира секое друго чувство“ – рекла таа.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа