Марковска Илиевска кон Арсовска: Не може да не се почитуваат закони и да не се реализираат програмите во училиштата
„Уште на првата седница кога разговаравме за извештаите, укажав на дел суштински, а не само технички грешки. Еден час да немате реализирано вие програма, да немате формирано во дел од училиштата ученички заедници, да имате најавено активности, а да не ги реализирате тоа е нефункционална ученичка заедница“, јасно истакна советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска на денешната седница за советнички прашања, обраќајќи се на градоначалничката Данела Арсовска, во контекст на реализирање на програмите усвоени од Советот.
Марковска Илиевска во своето обраќање посочи за низата неправилности којшто се случувале во делот на реализација на програмите за работа во одредени училишта. Дополнително додаде дека инспекторатот ќе проверува дали и колку е извршена реализација. Напомена дека нема да дозволи да се врши злоупотреба и од таа причина нема да гласа.
,,Во делот на спортските активности односно тимовите да немате реализирана програма. Да си назначувате претседател на училишен одбор на наставнички совет е кршење на закон и повлекува кривична одговорност. Ве молам, не се работи за технички грешки, се работи за суштински грешки од таа причина таму каде што нема реализирано програма нема да гласам“, децидна беше Марковска Илиевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа