Маслото од овој плод е свет грал за нега на кожата: Длабински хидрира, ги намалува воспаленијата и спречува стареење

 

Ако сте заинтересирани за нега на својата кожа на природен начин, веројатно сте забележале дека една состојка често се појавува во препаратите.

Станува збор за масло од шипка кое поседува магични својства, кога станува збор за смирување на акните и различни воспаленија на лицето. Денеска ви откриваме сè што треба да знаете за него, но и зошто треба да се најде на листата на вашите производи за нега на лицето и телото.

Што е масло од шипка?

Маслото од шипката се прави од плодот на шипка, а својата репутација ја влече уште од дамнешните времиња кога Египќаните, Маите и Индијанците го користеле поради неговите лековити својства. Тоа е преполно со антиоксиданти, витамини А, Ц и Е како и фенолни соединенија и масни киселини кои помагаат во обновување и подмладување на кожата.

Ова се предностите на маслото од шипка:

Делува како хидратантно средство

Одржувањето на кожата хидрирана, но не и масна да може да биде прилично тешко. Маслото од шипка во тој поглед врши многу добра работа. Тоа содржи изобилство од минерали во себе и есенцијални масни киселини кои ја задржуваат водата во клетките, а со тоа кожата подолго време останува хидрирана.

Го изедначува тенот

Доколку имате проблеми со хиперпигментација, флеки од акни и дамки од било кој вид на лицето, совршен додаток во режимот за нега на вашата кожа е маслото од шипка. Тоа е богато со витамин Ц, силен антиоксидант кој многу ефикасно го изедначува тенот на кожата.

Има анти-ејџ ефект

Поради високата концентрација на витамин А во себе, маслото од шипка е природно средство за подмладување на кожата. Со редовната употреба, доведува до намалување на појава на брчки на најкритичните места.

Ги намалува воспалителните процеси на кожата

За лицата кои патат од егзема и чувствителна кожа, маслото од шипка е вистински спас. Тоа ја смирува кожата благодарение на витаминот Е, кој за многу кратко време ги решава кожните проблеми.

29.06.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега