Математиката ги збуни туристите во Црна Гора: Лежалка 3 евра, чадор 2, а комплет 7 евра

 

На црногорска плажа, туристите беа збунети од табла на која пишува дека комплет лежалка и чадор за сонце е поскап од поединечните цени на истите.

На Фејсбук кружи табла на која пишува: Плажа Стефан лежалка 3 евра, чадор 2 евра, комплет 7 евра.

Испаѓа дека ако земете комплет, ќе ве чини 2 евра повеќе отколку поединечно.

„Ова е виша математика“, коментираат на социјалната мрежа, каде [to се појави извесна Андреа која беше доста лута.

„Многу сте глупави. Некој доаѓа и сам на плажа“, напиша видно вознемирената коментаторка на веселата математика, која најверојатно сфатила дека комплет се однесува на пар, а не на лежалка плус чадор.

Таа заборави да напомене дека зборот „комплет“  некои може да го разберат како сет на лежалка плус чадор за сонце.

Друг коментираше: „2 евра екстра за гледање на задници и гради. И тоа кошта исто така“.

13.08.2021 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега