Маж нападнат и каснат од мечка во велешко


60-годишен маж синоќа бил нападнат од мечка во атарот на велешкото село Оморани.

Го спасиле неговите кучиња, кои тргнале кон неа и лаејќи ја избркале.

Од СВР Велес потврдија дека синоќа во 21.30 часот во болницата во Велес, Ц.С.(60) од село Дреновци, прилепско, на полициски службеници од СВР Велес им пријавил дека на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, која била избркана од неговите кучиња.

09.04.2024 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега