Маж од Тетово излажал дека е киднапиран

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од с.Шемшово, тетовско.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „лажно пријавување’’ во врска со кривично дело „грабнување“.

Имено на 09.04.2024, пријавениот лажно пријавил дека во село Шемшово четири лица насилно го внеле во патничко возило, го однеле во с.Грчец, физички го нападнале, му барале пари, а потоа го оставиле во с.Добарец.

23.01.2025 - 16:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега