Медиумите во регионот се збогуваат со легендата: Балашевиќ не може да умре

 

Балканската музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67 години како последица на вирусот Ковид-19.

Веста за смртта на кантавторот го шокираше регионот. Се простуваат и стари и млади. Освен тоа, со него се простуваат и медиумите од региониот.

Хрватскиот „Вечерњи лист“ пишува дека Балашевиќ не бил само пејач, туку ја толкувал и главната улога во телевизиската серија „Специјална редакција“, но и оти глумеше во „Војници“ , „Поп Чира и поп Спира“, како и во реализацијата на „Паноски морнар“. Тие исто така потсетуваат дека Балашевиќ напишал неколку книги, и дека бил колумнист и за „Вечерњи лист“.

За својата работа има добиено бројни награди, а УНЕСКО го прогласи за амбасадор на добра волја. Кон крајот на својот живот, тој стана колумнист и за „Вечерњи лист“, каде објавуваше статии во сабота – пишува „Вечерњи лист“.

Балашевиќ издаде 12 соло студиски албуми и уште седум компилации од неговите најголеми хитови. „Јутарњи лист“ се осврна на неговото однесување за време на балканските војни во 90-тите, со оглед на тоа што беше обожуван од илјадници луѓе низ цела поранешна Југославија.

– Кога започнаа сите тие гужви, извици, барикади, се обидов да бидам смирен. Знаев дека барикадите се секогаш најбрзи, никогаш најмудри. Адреналинот во мојата крв ги водеше луѓето кон избрзани постапки. Сакав да ја направам вистинската работа, и не беше лесно. Одлучив да учествувам во сето ова сè додека – нема да учествувам. Мојата кариера е целосно прекината. Бидејќи зборував против некои српски политичари со име и презиме, следуваа ноќни повици, удирање на прозорецот, дупчење гуми на автомобили … Но, моето семејство одлучи дека ќе го издржиме сето ова заедно и ме поддржуваше во сите мои постапки – рече Балашевиќ за тој период од неговиот живот, пишува „Јутарњи лист“.

Хрватскиот портал „24 сата“ потсетува дека „панонскиот морнар“ доживеал срцев удар на крајот на 2019 година, по што биле поставени стентови.

– Имав малку неволја. Бев во болница четири дена. Ми рекоа дека ќе можам да трчам. Не верувам … Имам сто години! Но, се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде што застанав – напиша тогаш Балашевиќ на социјалните мрежи.

Како што пишува „Аваз.ба“, Балашевиќ бил „голем пријател на Босна и Херцеговина, голем пријател на Сараево“. Последен пат настапи во сараевската Скендерија во февруари 2018 година, а концертот го нарече „20 години од ТИЕ концерти“.

  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега