Медведев со порака до Америка: „Сега војната е неизбежна“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, иронично реагира на изјавата на претставникот на американскиот Стејт департмент, кој рече дека Русија нема да го врати полуостровот Алјаска.

Според претставниците на Стејт департментот, Русија нема да ја врати Алјаска, која ѝ ја продаде на Америка во 19 век. Тоа е тогаш. И очекувавме дека е прашање на денови кога повторно ќе стане наше. Сега војната е неизбежна, напиша Медведев на социјалната мрежа Х и ја заврши објавата со емотикон.

Претходно, заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, изјави дека „рускиот претседател Владимир Путин нема да ја врати“ Алјаска. Вака тој одговори на прашањето на еден од новинарите, кој тврди дека Путин наводно потпишал указ, во кој се вели дека продажбата на Алјаска е незаконска. Но, на порталот, каде што се објавуваат правни акти, таков документ не постои.

Прашањето, според медиумите, е инспирирано од указот на претседателот на Русија за распределба на средства за правна заштита на странски недвижен имот на Русија, поранешната Ррска империја и СССР во странство.

Полуостровот во контекст на враќање го спомна и официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. На прашањето на новинар на Си-ен-ен дали зборовите на Путин дека Русија враќа територии како во времето на Петар Велики претставуваат кршење на меѓународното право, Захарова се пошегува дека разбира зошто американската новинарка е толку загрижена – „веројатно поради Алјаска“.

Алјаска е најсеверната и територијално најголема држава во САД. Се наоѓа на северозапад од Северна Америка и дели поморска граница со Русија во Беринговата Теснина. Алјаска била откриена од руска експедиција во 1732 година и била во сопственост на Русија, но била продадена во 1867 година по договор меѓу владите на руската империја и САД.

23.01.2024 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега