Меџити: Итно побарав лек за ККХТ - истиот беше доставен за 24 часа

 

Министерот за здравство, Фатмир Меџити извести дека откако бил детектиран првиот случај на Конго-кримска хеморагична треска во земјава, итно побарал да се обезбеди соодветна терапија за пациентите.

– По детектираниот прв случај на ККХТ итно побарав да се обезбеди соодветна терапија за третирање на пациенти. Во рок од 24 часа лекот беше обезбеден во нашата земја, без разлика што станува збор за терапија која е многу ретка дури и за земјите кои имаат голем број заразени, соопшти министерот.

Меџити додаде дека веднаш по пристигнувањето на лекот бил организиран вебинар со СЗО и колегите лекари од КИБФС, за споделување искуства околу третирањето на пациентите.

09.08.2023 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега