Меџити: Создадовме систем за користење на светски искуства во лекување со карцином

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет, професорот Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ-Стефановска, раководителка на Институтот за епидемиологија, по повод првото воспоставување на националната електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигните заболувања во земјава.

„Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак на простата, на матката, на дебелото црево, на дојката и на црниот дроб. При креирањето на методологијата за работа искористени се искуствата на земјите членки на ЕУ и Соединетите Американски Држави. Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања за периодот од 2014 до 2022 година, и тоа по пол, возраст и општини“, вели Меџити.

Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции.

Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци, истакнуваат од Министерството.

01.02.2024 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега