Меѓународната федерација на гинеколози и акушери со препорака за бремените жени: Вакцинирајте се против коронавирус

 

И покрај досегашниот воздржан став, Меѓународната федерација на гинеколози и акушери (ФИГО) препорачува и бремените жени да се вакцинираат против коронавирус.

Според нивната официјална веб-страница, досега не се извршени доволно тестови за вакцините против ковид 19 врз бремени жени за да може да заземат цврст став.

 

Сепак, постојните податоци укажуваат дека нема директни или индиректни негативни последици врз здравјето на бремените жени кои биле вакцинирани, како и за развојот на ембрионот или фетусот.

„Дополнителни охрабрувачки податоци доаѓаат од извештајот објавен во САД, во кој се вели дека 20.000 бремени жени биле вакцинирани без пријавени алармантни последици“, се наведува.

Со оглед на сето ова, ФИГО не смета дека постојат ризици (реални или теоретски) кои би ги надминале потенцијалните придобивки од вакцинацијата за бремените жени.

„Ние го поддржуваме пружањето вакцинација против ковид на бремени жени и доилки“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега