Ментално најсилни знаци во зодијакот
Скорпија
Скорпијата е на првото место на оваа листа. И покрај пречките, Скорпиите лесно се извлекуваат од секакви неволји поради силниот карактер. На внатрешен план, секако, не им е лесно, бидејќи ги чуваат внатре во себе сопствените емоции. Но, од друга страна, никогаш нема да претпоставите дека се преокупирани со нешто или сериозно загрижени бидејќи тие се „тврди ореви“.
Девица
На второ место меѓу упорните и силни хороскопски знаци е Девицата. Станува збор за најрационалниот знак на Зодијакот, па не се карактеризира со премногу сентименталност. Дури и кога ќе наиде на тешки предизвици, Девицата секогаш ќе се труди да најде логично решение и да ја анализира ситуацијата. На сè што се случува пристапува со разум, па ретко се налути, а и ретко покажува емоции.
Јарец
Уште еден знак кој не се карактеризира со прекумерна чувствителност. Како и Скорпијата, Јарците ги кријат своите чувства од другите луѓе. Чудно им е што било да земат при срце, затоа што се водат, пред сè, од разумот. За разлика од другите знаци на Зодијакот, тие знаат да изгледаат достоинствено во секаква неволја – горди и со кренати глави се справуваат со најтешките проблеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа